ШТО СЕ КРИЕ ВО ШВАЈЦАРСКОТО СИРЕЊЕ СО ДУПЧИЊА? Малку познатата страна на омилениот ементалер го привлекува вниманието на научниците

Необичниот микроорганизам кој е заслужен и за познатите дупки во сирењето, научниците го истражуваат поради можните ефекти врз воспалението и стареењето и потенцијалните пробиотички својства

24

Едно од најпознатите швајцарски сирења содржи бактерија која со години го привлекува вниманието на научниците поради нејзините потенцијални пробиотички својства.






Станува збор за Propionibacterium freudenreichii, микроорганизам кој игра важна улога во производството на ементалерот и други сирења од швајцарски тип. Токму оваа бактерија е одговорна за создавањето на карактеристичните дупки во сирењето. При зреењето ги разградува млечните киселини и создава јаглероден диоксид, кој се собира во вид на меурчиња и подоцна ги формира дупките на сирењето.

Но, интересот за неа не е само поради сирењето. Истражувањата покажуваат дека одредени соеви на Propionibacterium freudenreichii имаат антиинфламаторни и други потенцијално корисни својства. Во научната литература се испитува и нејзиното влијание врз цревниот имунолошки систем, а некои истражувања се направени и врз животински модели.

Сепак, досегашните резултати не значат дека луѓето што јадат ементалер ќе живеат подолго. Дел од истражувањата на кои се повикуваат ваквите написи се однесуваат на лабораториски модели, а не на луѓе, па затоа од нив не може да се извлече заклучок дека јадењето швајцарско сирење ја зголемува долговечноста.

Бактеријата сепак е интересна од аспект на здравјето. Propionibacterium freudenreichii се користи во ферментирани млечни производи и е проучувана како потенцијален пробиотик. Научните трудови ја поврзуваат со можност за модулирање на воспалителните реакции, а се истражува и нејзиното влијание врз цревната бариера и имунолошкиот одговор.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини