ШИРЕЈЌИ ПАНИКА ПРОТИВ ДАТА-ЦЕНТРИТЕ СДСМ ЈА ЗАГРОЗУВА САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТА Државата има преземено обврска кон граѓаните и кон ЕУ

Пратеникот Лефков од ВМРО-ДПМНЕ јавно праша дали СДСМ знае дека безбедни лични информации на граѓаните е од голема важност за остварување на нивните права по различни основици како здравствени, социјални и слично?

0

Неколку дена сведочиме на паниката што СДСМ и Венко Филипче ја шират дури и за оваа идеја за изградба на дата центи или центри за податоци – рече на прес-конференција Миле Лефков, член на Извршниот комитет и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, наведува Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

– Прво, Филипче и неговото актуелно раководство во СДСМ треба да направат разлика помеѓу приватни дата центри и државен национален дата центар. Второ, Филипче е последен кој може да се грижи за интересите на граѓаните и нивниот квалитет на живот.






Државата има обврска од Реформската агенда или патот до ЕУ за изградба на национален дата центар. И како што информиравме Македонија има дата центар во Прилеп кој е секундарен, она што и треба е примарен каде што на едно место ќе се чуваат сите податоци од државните институции. Значи, цел на овој дата центар е безбедност на личните податоци на граѓаните како и безбедност на податоците од државните институции.

Дали Филипче и СДСМ, кои шират паника се против безбедност на лични и државни податоци? Дали СДСМ знае дека тоа е клучно за безбедност и стабилност на државата? Дали СДСМ знае дека безбедни лични информации на граѓаните е од голема важност за остварување на нивните права по различни основици како здравствени, социјални и слично?

Сајбер безбедноста или заштита од напади на системот на податоци е одлика на секоја современа држава. И додека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој еден граѓанин и за државата, СДСМ бара начини за остварување на интереси на поединци – рече пратеникот Лефков на прес-конференцијата.

Поврзани содржини