ГАШИ ЈА ОБВИНИ ДУИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЛОВНИКОТ ВО СОБРАНИЕТО Каков ќе биде исходот за законите за кои треба Бадентер?

Закони за кои е потребен Бадентер односно што се од особен интерес се законот за правична застапеност, за високо образование, за локална самоуправа и други. 

0

Сите закони за кои е потребно Бадентерово мнозинство ќе бидат ставени на гласање, соопшти претседателот на Собранието Африм Гаши денеска на брифинг со новинарите и додаде дека не знае каков ќе биде исходот поради процедуралната блокада на опозициската ДУИ.

Закони за кои е потребен Бадентер односно што се од особен интерес се законот за правична застапеност, за високо образование, за локална самоуправа и други.






– Ова прашање има повеќе политичка димензија отколку процедурална. Во својство на претседател на Собранието се обидувам ги преземам сите мерки. Јас сум во контакт со сите пратенички групи. Се обидуваме да дојдеме до решение. Ако прашањето навлегува во политичката сфера тогаш на друго политичко ниво се разговара. Се согласувам дека ова прашање треба да се реши, но оставам на политичките актери да го решат – рече Гаши.

На денешната координативна средба присуствувал заменик-координаторот на пратеничката група на ДУИ, но немало никаква најава дека повторно ќе има блокада од страна на нивните пратеници.

– Тоа не е блокада, туку злоупотреба на Деловникот, но ќе видиме како ќе реагираат – рече Гаши.

Во однос на тоа дали доколку блокадата продолжи ќе има предвремени парламентарни избори, рече дека вакви избори ќе има кога 61 пратеник ќе одлучат за распуштање на Собранието, но нагласи дека тој е поборник на идејата за редовни парламентарни избори и нема да дозволи злоупотреба на Деловникот да предизвика парламентарни избори.

Гаши најави дека наскоро во Собранието ќе пристигне законско решение поврзано со барањата правосудниот испит да се полага и на албански јазик.

Во следните месеци пристапот во околината на Собранието ќе биде отежнат поради градежните работи поврзани со изградбата на паркингот за пратениците и за вработените.

Поврзани содржини