КРАДЕЦ ФАТЕН НА ДЕЛО НА КЛИНИЧКИ Украл паричник од вработена, па ја нападнал

Вработената го затекнала 42-годишниот маж во службена просторија на една од клиниките. Кога се обидела да го спречи, тој физички ја нападнал, соопшти МВР.

0

Кражба во една од клиниките во Скопје завршила со физички напад врз вработена и со апсење. Според МВР, 42-годишен маж од Штип бил затекнат во просторија за вработени додека одземал паричник и други предмети.

Инцидентот се случил вчера околу 13.55 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Осомничениот влегол во просторија на една од клиниките и одзел предмети од 56-годишна вработена.






Жената го затекнала во просторијата и се обидела да го спречи. Според полицискиот билтен, тогаш тој физички ја нападнал.

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода околу 14.50 часот. Станува збор за О.С.А.(42) од Штип.

Поврзани содржини