ПРЕСТРЕЛКА НА ТЕХНО-ФЕСТИВАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Една девојка е убиена, петмина ранети
Полицијата апелираше луѓето да ја избегнуваат областа околу местото на инцидентот, а отворен е и посебен телефонски број на кој очевидци можат да се јават и да пријават детали од настанот.
Една 22-годишна девојка е убиена, а уште пет лица на возраст од дваесетина години се ранети при вооружен инцидент за време на техно забава во градот Арау во северна Швајцарија, соопшти швајцарската полиција, потенцирајќи дека напаѓачот или напаѓачите се во бегство.
Според полицијата, 22-годишната жена била сериозно повредена при инцидентот, по што набрзо им подлегнала на здобиените повреди. При инцидентот се повредени уште четири мажи и една жена, на возраст меѓу 24 и 27 години. Сите жртви се жители на Швајвцарија.
На местото на инцидентот има голем број полицајци, а поширокото подрачје околу хиподромот е опколено. На терен се и пожарникари, како и специјализирана мобилна единица на цивилната заштита на кантонот Аргау.
Полицијата побараала од организаторите на настанот да ѝ бидат доставени сите снимки од инцидентот. Во интервенцијата бил вклучен и хеликоптер „Супер Пума“ на швајцарската армија.
Полицијата апелираше луѓето да ја избегнуваат областа околу местото на инцидентот, а отворен е и посебен телефонски број на кој очевидци можат да се јават и да пријават детали од настанот.
Инцидентот се случил околу 3 часот рано изутринава за време на традиционалната годишна техно-журка „Аруер Рејв“, на која присуствувале околу 3.500 лица. Манифестацијата се одржувала на уникатна локација, на локалниот хиподром, каде се наоѓа најголемата тркачка патека во Швајцарија.
JUST IN: Shots heard at event in Aarau, Switzerland. Police confirm there are multiple victims. (Video: Blick) pic.twitter.com/nZMKcGtMGD
— Open Source Intel (@Osint613) August 30, 2026