РУСИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖНА ОФАНЗИВА КОН КИЕВ Украина добила предупредувачки разузнавачки информации

Украина доби разузнавачки информации дека Русија се подготвува за можна копнена офанзива кон Киев, како и кон Чернигов на крајниот север од земјата, изјави денеска заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Павло Палис.Украина доби разузнавачки информации дека Русија се подготвува за можна копнена офанзива кон Киев, како и кон Чернигов на крајниот север од земјата, изјави заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Павло Палис.

0

Украина доби разузнавачки информации дека Русија се подготвува за можна копнена офанзива кон Киев, како и кон Чернигов на крајниот север од земјата, изјави денеска заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Павло Палис.

– Нема конкретни датуми или индикации дека руски ударни единици се собираат во близина на северните граници на Украина. Сепак, военото раководство во Москва прави одредени проценки – рече Палис.






Тој нагласи дека приоритет на Украина е да не им дозволи на Русите воопшто да започнат какви било офанзивни акции.

Палиса, исто така, потврди дека Москва не се откажува од планот за создавање таканаречени „тампон зони“ во северните и североисточните региони – Харковската, Черниховската и Сумската област, кои граничат со Русија. Според тие планови, зоните треба да бидат широки околу 20 километри, со можност за нивно понатамошно проширување.

Изјавата на Палиса дојде неколку дена откако директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, ненадејно отпатува во Москва на состаноци со руски официјални претставници.

Повикувајќи се на западни разузнавачки извори, Волстрит џурнал претходно овој месец објави дека Русија подготвува терен за нов бран масовна мобилизација. Овој потег е делумно мотивиран од желбата за целосна окупација на Донбас, но мобилизацијата веројатно нема да започне пред крајот на изборите на крајот на септември.

Палис, исто така, се осврна и на новата руска тактика на користење млазни беспилотни летала од типот „Бандерол“, особено во пошироката област на Киев, каде што сирените за воздушен напад речиси без прекин свират со денови.

– Русија значително ја зголеми употребата на млазни беспилотни летала и нивниот број само ќе расте затоа што гледаат дека им носат резултати на терен – заклучи Палис.

Поврзани содржини