ПОЛИЦАЕЦ ГО УБИЛ ЗЕТОТ, ПА 19-ГОДИШНАТА ВНУКА, ПА СЕБЕСИ Злосторство во Србија поради делба на имот

Како што дознаваат српските медиуми, конфликтот во семејната куќа во Велико Градиште избувнал поради нерешени имотни прашања.

0

Граничниот полицаец Б.К. денеска во Велико Градиште, Источна Србија, ги убил својот зет и неговата ќерка, 19-годишна девојка, а потоа извршил самоубиство.

Злосторството се случило околу 13:30 часот во семејна куќа.






Според српските медиуми, тој ги извршил убиствата и самоубиството со пиштол. Прво го убил сопругот на сестра си, потоа својата внука, па извршил самоубиство.

Како што дознаваат српските медиуми, конфликтот избувнал поради нерешени имотни прашања.

 

Поврзани содржини