🎥 ДРВО ПАДНА ВРЗ ВОЗИЛО ВО ДВИЖЕЊЕ, СЕ УРНА КУЛА ОД ИСТОРИСКИ ОБЈЕКТ Страшно невреме во Италија, 43 повредени во Кремона

Оштетени се покриви на стотици куќи и кулата и илјадници автомобили, објавија денеска италијанските медиуми, по силното невреме што вчера пустошеше низ делови од Италија.

0

Во силното невреме со дожд и град што го погоди италијанскиот град Кремона, повредени се 43 лица, оштетени се покриви на стотици куќи и кулата и покривот на градското собрание, кое е едно од знаменитостите на градот, како и илјадници автомобили, објавија денеска италијанските медиуми.

Пожарникарите продолжуваат со интервенциите во Ломбардија и во Венето, региони погодени од силното невреме што од вчера попладне зафати неколку области во Италија. Регистрирани се повеќе од 700 повици за помош, објави италијанската новинска агенција Аднкронос.






Во меѓувреме, во Кремона се проценуваат штетите по разорното невреме со крупен град и силен ветер.

Поврзани содржини