ВОЗ УДРИ АВТОМОБИЛ ВО ВЕЛЕШКО Во несреќата нема повредени лица

Од 8:45 до 09:55 часот сообраќајот на патниот правец Велес-Извор беше во прекин.

225

Патнички воз во саботата наутро удрил во автомобил кај велешката населба Превалец, во несреќата нема повредени лица, соопшти МВР.

„Во СВР Велес било пријавено дека утрово околу 8:45 часот на железничкиот премин на регионален пат Велес-Извор, кај населба Превалец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Г.М. од Велес и патнички воз управуван од 32 -годишниот М.А.од Скопје. Во несреќата повредени лица нема“, информираше СВР Велес.






Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Веле. Од 8:45 до 09:55 часот сообраќајот на патниот правец Велес-Извор беше во прекин.

Поврзани содржини