ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Е ИНСТАЛАЦИЈА НА БИА? Градоначалници на СДСМ ги канат само пејачите на Вучиќ

Додека обвинуваат други за српски свет, странски влијанија и за туѓи интереси, токму луѓе на СДСМ се фатени живи како соработници на српската служба БИА, а градоначалници на СДСМ на големо прават концерти со пејачи на Александар Вучиќ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

0

Дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе фатени како соработници и шпиони, прашува ВМРО-ДПМЕ.

„СДСМ немаат крај во забеганоста и хипокризијата. Додека обвинуваат други за српски свет, странски влијанија, туѓи интереси, токму луѓе на СДСМ се фатени живи како соработници на српската служба БИА и градоначалници на СДСМ на големо прават концерти со пејачи на Александар Вучиќ. Таков е примерот на Виктор Петрушевски кој е поранешен советник на Зоран Заев, човек кој бил дел од најголемите партиски структури и тела на СДСМ кој е вклучен во последната шпионска афера како соработник на српската служба. Од друга страна, зборуваат дека во државата продира српскиот свет, за што велат дека им смета, а паралелно малкуте градоначалници на СДСМ, како тој во Крива Паланка и Македонска Каменица прават концерти и народни собири со Лепа Брена и Ацо Пејовиќ“, соопшти БМРО-ДПМНЕ.






За хипокризијата и лицемерието да бидат поголеми, се додава во соопштенето, пратеникот на СДСМ и поранешен министер, вицепремиер за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски Путерот заедно со градоначалникот на Крива Паланка во првите редови на градскиот плоштад ќе се забавуваат токму со Брена која ѝ пееше на војската на Младиќ.

„Па оттука го поставуваме многу логичното прашање, дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе, фатени како соработници и шпиони на службите? И, имајќи предвид како малкуте избрани градоначалници на СДСМ во однос на концертите и журките кои ги прават исклучиво само со српски пејачи, односно пејачите на Вучиќ, прашуваме дали преку Венко Филипче, СДСМ и нивните функционери во државата продира таканаречениот српски свет? Одговори треба да даде конфузната СДСМ и Венко Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ДОБИВАЛ ТАЈНИ ПЛАНОВИ ЗА ШИРЕЊЕ ИСЛАМСКИ РАДИКАЛИЗАМ, СЕ СРЕЌАВАЛ СО СРПСКИ АГЕНТИ Советникот на Заев, Виктор Петрушевски вмешан во аферата во Косово за соработка со српската служба БИА

Поврзани содржини