ДОБИВАЛ ТАЈНИ ПЛАНОВИ ЗА ШИРЕЊЕ ИСЛАМСКИ РАДИКАЛИЗАМ, СЕ СРЕЌАВАЛ СО СРПСКИ АГЕНТИ Советникот на Заев, Виктор Петрушевски вмешан во аферата во Косово за соработка со српската служба БИА

Според наводите на Специјалното обвинителство, на 20 и 21 декември 2024 година обвинетиот за шпиунажа Фатмир Шехоли комуницирал со Виктор Петрушевски и му организирал физичка средба со Бојан Димиќ, човек на БИА, а на 5 август 2025 година Шехоли му испратил документ означен како „Top Secret 2“ со наводен политички и стратешки план за ширење на исламскиот радикализам во Косово и во регионот.