🎥 МИС САД ДВАПАТИ ПАДНА НА ПРОШТАЛНАТА ПРОШЕТКА Одри Екерт со смеа ги прифати незгодите на сцената
Тоа беше момент кој ме потсети дека сите сме луѓе. Можеме да паднеме, да станеме, да се насмееме и да продолжиме, изјавила Екерт за магазинот „Пипл“.
Прошталната прошетка на досегашната Мис САД, Одри Екерт, не помина онака како што ја замислувала. За време на изборот за Мис САД 2026, одржан на 27 август во Мајами, убавицата од Небраска двапати падна на сцената, но успеа да ја задржи насмевката и достоинствено да го заврши својот мандат.
Miss USA 2025, Audrey Eckert, se cayó en vivo DOS VECES durante su desfile de despedida en la final del concurso de este año😭 pic.twitter.com/1IrPNQh0aJ
— nacho con O (@NachoConO) August 28, 2026
Првата незгода се случи веднаш откако Екерт се појави на сцената. Таа се сопна од долгиот фустан и заврши на подот, при што за малку ќе ѝ падне[e и круната. На помош ѝ притрча водителот и актер Ијан Зиринг, а публиката ја поздрави со силен аплауз.
Екерт брзо стана, се насмеала и ја продолжила прошетката како ништо да не се случило. Но, малку подоцна, при новото појавување на сцената, повторно ја загуби рамнотежата и падна уште еднаш.
Поранешната Мис САД подоцна откри дека незгодите всушност почнале уште зад сцената, каде што се сопнала непосредно пред да излезе пред публиката. Целата вечер ја опиша како многу хаотична, но своите падови ги прифати со хумор и се споредила со актерката Џенифер Лоренс, позната по сличните незгоди на големите церемонии.
– Тоа беше момент кој ме потсети дека сите сме луѓе. Можеме да паднеме, да станеме, да се насмееме и да продолжиме – изјави Екерт за магазинот „Пипл“.
На крајот од вечерта таа сепак успешно ја исполни најважната должност и ѝ ја предала круната на новата Мис САД, 31-годишната Џастис Кели од Вирџинија. Кели влезе во историјата на изборот како првата мажена жена и првата мајка што ја освоила титулата Мис САД.