КИЕВ Е ИНФОРМИРАН ЗА СРЕДБИТЕ НА РАТКЛИФ ВО МОСКВА Зеленски не откри што му пренеле Американците
Зеленски потврдил дека Киев добил информации од американската страна за серија состаноци во Москва. Не открил кој учествувал во разговорите ниту што точно му било пренесено.
Киев добил информации од Вашингтон за серијата состаноци одржани во Москва изминатите денови. Тоа го потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски, но не откри кој седел на масата.
Изјавата доаѓа откако американски медиум објави дека директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, отпатувал во Москва. Според „Волстрит џурнал“, целта била да ѝ пренесе предупредување на Русија за можен напад врз членка на НАТО.
„Денеска добивме информации од американската страна за состаноците во Москва, што се одржаа изминатите денови. Таму беа одржани серија состаноци“, објави Зеленски на Телеграм.
Украинскиот претседател не кажал кој учествувал на средбите, ниту што точно му пренел Вашингтон на Киев.
„Волстрит џурнал“ два дена претходно објави дека Ратклиф отпатувал во руската престолнина. Весникот ја поврза посетата со американско предупредување до Москва да не презема напад врз земјите од НАТО.
Портпаролот на Кремљ подоцна потврди дека Ратклиф бил во Москва и дека немал директна средба со претседателот на Русија Владимир Путин, туку со руското разузнавање за што Путин бил известен.
Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, изјави дека Владимир Путин нема да нападне земја членка на НАТО.