Заробеници на „идеолошката“ омраза

Всушност, целиот самопрогласен „лев“ блок – кој не се ни „очешал“ од „левата“ политичка ориентација сосе „лидеро“ им, секако – не е само страотно глупав туку е и ригиден, анахрон, а над сѐ – ретрограден. Дури и денес, како и на почетокот на оние нивни „седум години заглупување“ во соработка со полуписменана клиентелистичка интелигенција како поддршка на нивните „политики“ и авторитарен „хибриден режим“ (според карактеризацијата на нивната еу), глупавите изблици на „идеолошката“ омраза им ги држи очите целосно затворени.

0

Просто е неверојатно колку долго може да „држи“ омразата како една од најсилините емоции кај човекот, а особено онаа омраза од „идеолошки“ тип. Кај нас не се во прашање само последниве 35 години, туку и претходнине децении, од каде што всушност се провираат корените на истата. А кога за наши услови го спомнувам зборот идеологија најчесто мислам на оној либерален (или неолиберален, сам господ веќе не знае што е што) петпарачки театар на локалнава соцреалистичка заедница која во него глуми едновремено и наследник на комунистичко-социјалистичките традиции, но и демократски симбол на прогресот. И дури се гордее со таа ступидарија и често ни ја подметнува под нос.

Инаку, немам апсолутно ништо против тие традиции – напротив, но кога истите би биле автентични, изворни, втемелени во севкупното нивно (морално) однесување и примерени на современите демократски услови. Вакви какви што се, тие не се ни традиции ниту пак идеологија и затоа обично ги ставам во наводници. Зашто тие се „традиции“ и „идеологија“ на една минорна уличарска збирштина на поединци и групи со безобразно агресивни и крајно провинциски ставови кон сѐ што е од другата страна на идеолошкиот „ѕид“, што им е непознато, нејасно, неизвесно и сл., бидејќи има поинаква провениенција, светоглед, политичко убедување.






Кај нас ваквата одбојност кон „другиот“ – подразбирајќи го тука политичкиот противник од конзервативниот или десниот политички блок, најчесто третиран за непријател – одамна не е само дел од политичкиот фолклор туку се претвора во главен (анахрон) двигател на политичката сцена. И ирационален предмет на омраза! Таквите ставови беа манифестирани уште во раните години по 1989-та и само добиваа на интензитет и гласност во редовите на самопрогласените државотворци небаре само тие беа/се достојни за „големи дела“. Впрочем – (не)делата ги видовме.

И сето тоа, таа неразумна, недефинирана и во суштина нецивилизирана омраза доведе до ова денес: ан блок да се одбива сѐ што доаѓа како политика, акција, предлог… од „другата страна“, што почнува дури да ја преминува и границата на глупоста и „идеолошката“ омраза и веќе се манифестира како чиста патологија! Особено од онаа 2017-та наваму, кога како демократски „стандард“ се воведоа криминалот и корупцијата, епохалната глупост и неукост на политичката ноименклатура на власт до 2024 година како некаква доблест, тоталната провинцијализација на државата/општеството, лагата и манипулацијата како државна политика и, повторно, одбојната „идеолошка“ омраза како дел од партиската понуда.

Всушност, целиот самопрогласен „лев“ блок – кој не се ни „очешал“ од „левата“ политичка ориентација сосе „лидеро“ им, секако – не е само страотно глупав туку е и ригиден, анахрон, а над сѐ – ретрограден. Дури и денес, како и на почетокот на оние нивни „седум години заглупување“ во соработка со полуписменана клиентелистичка интелигенција како поддршка на нивните „политики“ и авторитарен „хибриден режим“ (според карактеризацијата на нивната еу), глупавите изблици на „идеолошката“ омраза им ги држи очите целосно затворени.

Сега дури и дата-центрите им пречат, ќе трошеле струја и вода, а тоа ќе го плаќале граѓаните (sic!); предвремените избори (коишто, патем ги бара дел од опозицијата!) биле ефикасен трик за продолжување на политичкиот век на власта која не ги исполнила дадените ветувања; некои смешни ликови ја убедуваат јавноста дека Иран не знаел дека Македонија е членка на НАТО и само чекал премиерот да ја издаде „тајната“ дека авиони на американското воздухопловство полетуваат и слетуваат од македонските ародроми; упорно и најпростачки актуелната власт ја етикетираат како „македонски националисти“ (не знам зошто не им се возвраќа со „македонски болшевици“?); само за политичкиот непријател е императив да обезбеди „чиста вода и воздух, храна без пестициди и забранети состојки“ додека они, веројатно, ни обезбедуваа „мед и млеко“ итн., итн.

Речиси е неверојатно дека навидум возрасни и образовани луѓе секојдневно се занимаваат со такви небулози само и единствено заради „идеолошки“ причини или по наредба на нивните политички шефови. Што пак повторно не уверува дека кај нас само глупоста останува вечна! И никој од тој соцреалистички табор не помислува дека токму тој квази-идеолошки конфликт, таа диригирана „идеолошка“ омраза и веќе отворено непријателство се главните причини за актуелните состојби со закочениот евроинтегративен процес во државава, но и за повеќето внатрешнополитички судири? Зашто, само трета страна може да има полза од таквите високозапаливи односи во државата? И треба да им се нацрта која е таа и кој де факто „од заднина“ дотура бензин на „идеолошкиот“ оган, на она „тие против нас“?

Затоа впрочем сѐ се префрла на „идеолошката“ пруга каде „другиот“ е директна егзистенцијална опасност за општеството/државата, каде силно манифестираниот анимозитет го прави компромисот невозможен и сл. И токму тоа ја слабее државата одвнатре, ја прави нехомогена односно лесен плен на надворешни влијанија итн. Или, ако сакате: ако омразата е злосторство, идеолошката омраза е најголемото злосторство; ако омразата генерира насилство, идеолошката омраза генерира неограничено насилство (W. Khan)!

Не сакам да кажам, ниту пак мислам, дека актуелната власт е само безгрешна жртва во тој поглед, уште помалку дека со своето однесување не придонесува за секојдневното затегнување на ионака кревките меѓупартиски односи. Доволни се само оние неколку необјасниво игнорирани од нив скандали: со „фамознине“ шарлатански „Арена“ канали, со необјавувањето на извештаите за водата во Гостивар, со речиси целосно небрежниот однос кон очигледниот проблем со „Западнонилската треска“,  итн., итн. Како сето тоа да се случува во некоја друга држава а не кај нас и некој друг треба да ги даде очекуваните одговори и да се справи со проблемите. Иако тоа сепак не се „идеолошки“ обоени случаи, но нудат соодветен материјал за политички обоен судир со „идеолошки“ примеси. И еднаш започнат, тој судир се развива како актуелниве пожари низ државава!

Поврзани содржини