ФИЛИПЧЕ КРЕВА ПАНИКА ЗА СÈ ШТО НОСИ РАЗВОЈ Зад иницијативата против дата-центри во Пехчево стои човек на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ дека без аргументи се спротивставува на можната изградба на дата-центри. А можеби дополнително го нервира и фактот што иницијативата против дата-центрите во Пехчево не помина, затоа што зад неа стоеше нивен човек, се вели во соопштението.

2

Лидерот на СДСМ Венко Филипче и СДСМ изгледа имаат проблем со сè што може Македонија да ја направи помодерна, посилна и поконкурентна држава. Немаат аргументи, па за секој нов проект следува истото сценарио на создавање хаос, ширење страв и паника и обиди јавноста да се убеди дека секоја промена е закана, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче повторно излезе јавно со категорични ставови за евентуалната изградба на дата-центри во Македонија, како неговото мислење само по себе да е доволен аргумент.






А можеби дополнително го нервира и фактот што иницијативата против дата-центрите во Пехчево не помина, затоа што зад неа стоеше нивен човек. Кога ни тоа не успеа, следуваше ново ширење паника во јавноста.

Македонија треба да се развива, да привлекува инвестиции, да создава модерна инфраструктура и да станува современа и богата држава. Тоа секако треба да се прави со почитување на законите, заштита на животната средина и највисоки стандарди за заштита на граѓаните.

Но за Филипче очигледно ни тоа не е доволно. Наместо факти, стручни анализи и аргументирана дебата, повторно има обиди секоја можност за развој да се претвори во нова причина за страв и паника.

На Македонија ѝ треба развој и визија, не политичката хистерија на Венко Филипче, секогаш кога нешто може да ја направи помодерна и посилна“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини