ЕРОС РАМАЦОТИ ГИ ОПЕРИРАШЕ ГЛАСНИТЕ ЖИЦИ Концертите во Северна и Јужна Америка пејачот ги одложи за 2027 година

Операцијата на гласните жици помина добро. Ви благодарам на сите за пораките со љубов и поддршка - напиша Рамацоти, додавајќи дека поради програмата за рехабилитација нема да биде подготвен за пробите и настапите во САД, Канада и Латинска Америка.

19

Ерос Рамацоти мораше да прекине дел од светската турнеја „Una Storia Importante World Tour“ откако беше опериран на гласните жици. Италијанскиот пејач преку социјалните мрежи ги информираше фановите дека интервенцијата поминала добро, но дека лекарите му наложиле период на рехабилитација.

– Операцијата на гласните жици помина добро. Ви благодарам на сите за пораките со љубов и поддршка – напиша Рамацоти, додавајќи дека поради програмата за рехабилитација нема да биде подготвен за пробите и настапите во САД, Канада и Латинска Америка.






Токму затоа концертите кои требаше да започнат во октомври годинава се одложени за 2027 година. Првиот од новите датуми е закажан за 24 септември во Торонто, а потоа следуваат настапи во Монтреал, Бостон, Њујорк, Чикаго, Мајами, Хјустон и Лос Анџелес. Турнејата потоа продолжува во Мексико, Колумбија, Перу, Чиле, Аргентина и Бразил.

Дел од концертите, сепак, се откажани, а не само одложени. Според новиот распоред, настапите во Гвадалахара и Сан Хозе се откажани, додека за повеќето други концерти веќе купените билети ќе важат за новите датуми. Исклучок е концертот во Њујорк, за кој се најавени посебни правила за билетите.

Ова не е првпат Рамацоти да има проблеми со гласните жици. Во 2019 година тој мораше привремено да ја прекине светската турнеја „Vita ce n’è“ поради задебелување на гласните жици, поради што тогаш беа откажани и американски концерти. Во јуни годинава, пред завршницата на европскиот дел од актуелната турнеја, пејачот веќе најави дека ќе мора повторно да оди на операција.

Пред здравствената пауза, Рамацоти имаше исклучително успешен европски дел од турнејата. Од февруари до јуни 2026 година настапуваше во големи арени и стадиони низ Европа, меѓу кои и во Белград и Загреб, а концертите во Италија вклучуваа настапи на „Сан Сиро“ во Милано, стадионот „Олимпико“ во Рим и „Алијанц стадиум“ во Торино.

Рамацоти на фановите им порача дека со настапите ќе се врати следната година.

– Ќе се сретнеме посилни и пообединети од порано – напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eros Ramazzotti (@ramazzotti_eros)

Поврзани содржини