РУСИЈА ЌЕ НАПАДНЕ БРИТАНСКИ ВОЕНИ ЦЕЛИ ВО И НАДВОР ОД УКРАИНА Москва упати најостра закана досега до Лондон
Ќе има катастрофални последици доколку Велика Британија не го промени курсо, сите британски воени објекти и опрема во Украина и надвор од нејзините граници би можеле да бидат цел на напади како одговор на украинските напади врз руска територија извршени со британско оружје, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Русија предупреди дека може да нападне британски воени цели во и надвор од Украина, како одговор на украинските напади врз цели во Русија со употреба на британски крстосувачки ракети со долг дострел.
Предупредувањето, кое портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го кажа на прес-конференција во Москва, е најсилното што Русија досега го испратила до Велика Британија, земја-членка на НАТО и верен сојузник на Украина.
Захарова рече дека Лондон е „на еден чекор“ од тоа да стане законски соучесник во, како што рече, тероризмот против руските цивили.
– Ќе има катастрофални последици доколку Велика Британија не го промени курсот. Постојано предупредувавме дека сите британски воени објекти и опрема во Украина и надвор од нејзините граници би можеле да бидат цел на напади како одговор на украинските напади врз руска територија извршени со британско оружје – рече таа.
Предлагаме британското раководство уште еднаш внимателно да ја анализира ситуацијата, додаде Захаррова.
– И веднаш, на најрешителен и недвосмислен начин, да се откаже од непријателската агресивна линија, што може само да создаде ризик од ескалација на конфликтот на сосема ново ниво – рече Захарова.
Предупредувањето дојде еден ден откако Русија ја обвини Украина дека испукала британски ракети „Сторм шедоу“ врз трговски центар во Доњецк во источна Украина.
Кремљ во понеделник објави дека Велика Британија методично додава „масло на огнот“ откако Лондон објави дека ќе му дозволи на Киев пристап до тајната технологија за да го почне сопственото производство на крстосувачките ракети „Сторм шедоу“, кои можат да се користат за удари длабоко во Русија.