СЕ НАМАЛУВААТ ЦЕНИТЕ НА ЦЕЛОКУПНИОТ УЧИЛИШЕН ПРИБОР Мицкоски оцени дека семејствата со ученици ќе можат да заштедат

Премиерот оцени дека како Влада донеле корисна одлука за македонските граѓани.

0

Со одлуката на владата за намалување на цените училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година за 10% во трговија на големо и до 15% во трговија на мало, е опфатен целокупниот прибор, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на што се однесува намалувањето на цените.

Тој рече дека цел на оваа одлука на владата е да се олесни товарот на семејниот буџет на родителите.






-Пред два дена на владина седница донесовме одлука за намалување на цените во големопродажбата за 10%, и во малопродажбата до 15%. И тука е опфатен целокупниот училишен прибор. Сè што спаѓа во училишен прибор од тетратки, моливи, пенкала, гуми, блокови, ранци, сето тоа е опфатено со оваа одлука и треба јасно да биде означено брендирано. И оваа одлука ќе трае до 30 септември. Очекуваме на овој начин пред почетокот на учебната година на родителите да им ги олесниме овие почетни училишни денови, односно да може да се генерира заштеда во семејниот буџет. И цениме дека како Влада тоа е корисно што го правиме – рече Мицкоски.

Поврзани содржини