ДОСЕГА ДВЕ ПТИЦИ ПОЗИТИВНИ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Ќе се тестираат кокошки и мисирки за вирусот

Ќе се тестираат домашни и диви птици, а граѓаните треба да пријават ако забележат поголем број угинати птици на исто подрачје.

204

Агенцијата за храна и ветеринарство утрово потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен, во централното подрачје, во паркот покрај Општината. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски во изјава за медиумите.

– Зошто е ова значајно? Многу видови птици се засегнати од вирусот. Гавранот е една од птиците која е засегната и може да пцовиса од вирусот. И важно е затоа што гавранот е, генерално, стационарна птица, значи не е птица преселница, и пронаоѓањето мртов гавран може да укаже на локална циркулација на вирусот на западнонилската треска. Ние веднаш го известивме Центарот за јавно здравје – Битола и градоначалникот на општина Ресен да направат ревизија на плановите за прскање против комарци и да пристапат кон прскање по индикации – рече министерот.






Тој информира дека уште две птици од Скопје се во моментот во фаза на тестирање.

Агенцијта за храна и ветеринарство соопшт дека две птици досега биле позитивни на вирусот на западнонилска треска. Едната угината птица била пронајдена во Скопје, а другата во Ресен. АХВ го засилува надзорот, а ќе се тестираат домашни и диви птици.

Повеќе од 100 пријави од граѓани пристигнале во АХВ од 24 до 27 август. Сепак, дел се однесувале на угинати птици кои не се погодни за вакво испитување. Оттаму нагласуваат дека „не секоја пријава може да резултира со земање примерок и лабораториско испитување“.

АХВ ги засилува теренските активности низ цела Македонија. При надзорот за птичји грип ќе се земаат примероци и за испитување на западнонилскиот вирус.

Ќе бидат опфатени живина во дворови и селски стопанства, птици во кафези и водни птици.

Ќе се тестираат кокошки, мисирки, фазани, потполошки и други видови живина. Надзорот ќе опфати и гуски, пајки, лебеди, штркови, соколи, галеби, бувови и други диви птици.

Зоолошките градини, националните паркови и корисниците на ловиштата треба да пријавуваат пронајдени угинати диви птици. Ловните друштва треба да го пријавуваат и отстрелот на диви птици.

Агенцијата бара од одгледувачите да го ограничат контактот на домашната живина со диви птици. Треба да се пријави секоја зголемена или невообичаена смртност.

Од АХВ велат дека поединечна угината птица во градска средина не треба да предизвикува непотребна загриженост. Аларм е поголем број угинати гаврани или други диви преселни птици на исто подрачје за краток период. Таквите случаи треба да се пријават.

Поврзани содржини