САКАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО АВТОБУС ВО ДВИЖЕЊЕ, ПА ГО НАПАДНАЛ ВОЗАЧОТ Инцидент во центарот на Скопје
Возачот пријавил дека лицето претходно се обидело да влезе во автобусот додека се движел по булевар.
49-годишен возач на ЈСП Скопје пријавил дека бил физички нападнат додека ги извршувал работните обврски со автобус во централното градско подрачје.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во вечерните часови, а според пријавеното, инцидентот се случил на автобуска постојка во Центар.
На нападот, според неговото сведоштво, му претходела опасна ситуација. Едно лице се обидело да влезе во автобусот додека тој бил во движење на булевар.
Возачот не застанал и продолжил да вози, по што, откако автобусот стигнал до автобуската постојка, бил физички нападнат од истото лице.
Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.