СДСМ НЕКА СЕДИ, ГЛЕДА И УЧИ Македонија има најниска инфлација и најевтини деривати во регионот
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Македонија ги задржала најниските цени на горивата во регионот и покрај светската криза. Владејачката партија денеска возврати на критиките од СДСМ и порача дека опозицијата не може да се помири со реалноста.
Опозициската СДСМ не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот, тврди ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
Според ВМРО-ДПМНЕ, во време на една од најголемите светски кризи предизвикани од немирите на Блискиот Исток, Македонија успева да ги задржи цените на нафтените деривати на најниско ниво од сите земји во регионот.
„Тоа не дојде само по себе, туку тоа е директен резултат на мерките преземени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Паралелно на тоа состојбите со цените на производите постојано се следи, а тоа се гледа и по последните резултати објавени од ДЗС кои велат дека инфлацијата во државата, која во континуитет се намалува, сега изнесува 2,3%.
СДСМ, да имаа идеи за добри мерки, немаше во нивно време на власт инфлацијата да руши двоцифрени рекорди со 16%“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ако СДСМ сака да направи нешто корисно, како што велат, „нека седи, гледа и учи како се следат состојбите, како се води држава, како се развива економијата, и како се работи во интерес на граѓаните и државата“.