ГЕРМАНСКА БАНКА ФИНАНСИРАЛА КУПУВАЊЕ БОРДЕЛ Сега се бори да го зачува угледот

Германските обвинители го истражуваат купувањето на објектот бидејќи се сомневаат дека зградата била користена во мрежа за криумчарење луѓе (обезбедување лажни визи и престој за богати кинески државјани) и потенцијално перење пари.

1

Германскиот финансиски регулатор BaFin побарал од регионалната банка Фолксбанкен (Volksbank Koln Bonn) информации за заем со кој е финансирано купувањето на еден од најголемите бордели во Европа во 2021 година. Банката тогаш одобрила кредит на кинескиот инвеститор Ху Јинг за купување на борделот „Паша“ (Pascha) во Келн.

Германските обвинители го истражуваат купувањето на објектот бидејќи се сомневаат дека зградата била користена во мрежа за криумчарење луѓе (обезбедување лажни визи и престој за богати кинески државјани) и потенцијално перење пари.






Во јули, банката ангажираше адвокатска фирма независно да ја истражи трансакцијата, вклучително и дали еден од членовите на одборот можеби имал лична корист од договорот.

Се споменува името на  членот на одборот на банката  Јирген Нојтгенс, кој ја извршува функцијата од 2018 година, а неговите одговорности вклучуваат корпоративни клиенти, приватно банкарство и управување со финансии кој е осомничен дека зел провизија за да се заземе за кредитот. Тој негира дека сторил кривично дело.

-Во ниту еден момент мојот клиент не примил никаква исплата – изјави адвокатот на осомничениот додавајќи дека очекува истрагата да покаже дека обвинувањата против неговиот клиент се неосновани.

Германските „Фолксбанкен“ се кооперативни банки во сопственост на нивните членови и се важен дел од финансискиот систем на најголемата економија во Европа. Тие ретко даваат кредити на странски инвеститори, а банките генерално избегнуваат да работат што би можело да им го наруши угледот.

Кинеската инвеститорка Ху Јинг, именувана во поднесоците на компанијата, засега не го коментира случајот. Незиниот адвокат во Германија изјави дека нема индикации дека сопственичката или управителот на имотот е под истрага.

Менаџерот на „Паша“, Андре Винстрот, кој го води борделот откако повторно се отвори по купувањето од страна на Ху, изјави дека неговата компанија го изнајмува просторот и нема никаква врска со кредитот.

Норделот банкротира за време на кризата со ковид-19 во 2021 година  кога објектот е купен за 11 милиони евра преку германската компанија Timoste Appartementhotel Schildbach KG зад која стои кинеската бизнисменка.
Поврзани содржини