РОНАЛДО И ГЕОРГИНА НАПРАВИЈА УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ЧЕКОР По свадбата моделката ги посвоила трите постари деца на фудбалерот

Георгина Родригез ги посвоилa трите најстари деца на Кристијано Роналдо, со што и официјално станала нивна мајка. Еве што се знае за големиот семеен чекор.

91

Само неколку дена по интимната свадба со Кристијано Роналдо, Георгина Родригез направи уште еден голем чекор во нивниот семеен живот. Според португалски и шпански медиуми, таа официјално ги посвоила трите постари деца на славниот фудбалер – Кристијано Роналдо Џуниор и близнаците Ева Марија и Матео.

Според информациите, правната постапка била спроведена дискретно, далеку од очите на јавноста. Со неа Георгина добила родителски права над децата кои со години ги воспитува заедно со Роналдо. Шпанскиот „Марка“ пишува дека во регистарот сега таа официјално е наведена како мајка на трите деца.






Кристијано Џуниор е роден во 2010 година, а идентитетот на неговата биолошка мајка никогаш не бил јавно откриен. Близнаците Ева и Матео се родени во јуни 2017 година со помош на сурогат-мајка. Роналдо низ годините внимателно го чувал приватниот живот на своите три најстари деца.

Георгина, пак, уште од почетокот на врската со Роналдо ги третирала неговите деца како свои. Таа во интервју за „Ел Паис“ уште во 2022 година зборува за тоа дека не ја доживува само Алана како своја ќерка, туку дека сите деца ја нарекуваат „мама“.

Двојката има и две заеднички биолошки ќерки – Алана Мартина, родена во 2017 година, и Бела Есмералда, родена во 2022 година. Бела имала брат близнак, Анхел, кој починал при породувањето. Георгина денес на социјалните мрежи се опишува како мајка на „шест благослови“, имајќи го предвид и синот кој го загубија.

Овој семеен чекор доаѓа веднаш по свадбата на Георгина и Роналдо, која се одржа на 11 август во нивниот дом во Кашкаиш, Португалија. Двојката избра интимна граѓанска церемонија, на која присуствуваа нивните пет деца и четворица сведоци. Подоцна отпатуваа во Фатима, каде што присуствуваа на миса.

Интересно е што датумот на свадбата имал посебно значење – на истиот ден се навршиле десет години откако Георгина и Роналдо првпат се сретнале во продавница на „Гучи“ во Мадрид, каде што таа работела како продавачка. По свадбата тие најавија дека во иднина планираат и поголема прослава со семејството и пријателите.

Поврзани содржини