ВОНРЕДНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Мерка за заштита на населението од западнонилска треска

До денеска има 35 потврдени случаи и три суспектни случаи на западнонилска треска, која ја пренесувваат комарците.

190

Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање од земја против комарци, со цел навремено и ефикасно да се намали нивното присуство и да се заштити здравјето и квалитетот на живот на жителите.

„Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров!
Грижата за граѓаните е наш приоритет“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.






Вонредното прскање против комарци се спроведува по прогласувањето епидемија на западнонилска треска во скопските општини: Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден. Меѓу зафатените населби се Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, Јурумлери…

Од западнонилска треска починаа 3 лица. До денеска има 35 потврдени случаи и три суспектни случаи.

Шестмина заболенни се во критична состојба и се на интензивна нега на Инфективната клиника.

Од потврдените случаи, повеќето се згрижени на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа.

Поврзани содржини