ПАДНА ПРИВАТЕН ХЕЛИКОПТЕР, ТРОЈЦА ЗАГИНАА Несреќа на грчки остров
Според неофицијалните информации, станува збор за хеликоптер од приватна компанија која работи со авио-такси превоз.
Безживотните тела на три лица се пронајдени откако приватен хеликоптер падна на грчкиот остров Сифнос, по што се запали, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите од противпожарната служба на Грција, за време на гаснењето на пожарот биле откриени трите тела, чиј идентитет засега е непознат.
Хеликоптерот паднал во близина на хелиодромот во северниот дел на островот околу 18.17 часот.
Според неофицијалните информации, станува збор за хеликоптер од приватна компанија која работи со авио-такси превоз.
Сифнос е дел од Кикладските Острови и е во јужниот дел на Егејското Море.