БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР СЕ ДОПИШУВАЛ СО ЛАЖНА ШЕФИЦА НА КАБИНЕТОТ НА ТРАМП Скандал го тресе Даунинг стрит
Енди Барнам разменил неколку пораки со лице кое се претставувало како шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс. Британската амбасада во Вашингтон го пријавила случајот откако се појавиле сомнежи.
Новиот британски премиер, Енди Барнам, разменувал пораки со лице за кое верувал дека е Сузи Вајлс, шефицата на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Измамата не завршила пред вратата на Даунинг стрит. Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули.
Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат, а британската амбасада во Вашингтон го известила тимот во Белата куќа.
Од Даунинг стрит не сакале да навлегуваат во детали, повикувајќи се на националната безбедност. Извори запознаени со случајот, сепак, тврдат дека разменетите пораки немале значајна или чувствителна содржина, пишува британски Телеграф.
Случајот е уште понеобичен бидејќи не станува збор за изолиран обид. Американските власти веќе истражувале случаи во кои измамник се претставувал како Вајлс и контактирал со истакнати личности, потврдува „The Times“.