САМО НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ПРЕД СМРТТА АКТЕРКАТА ПОЗИРАШЕ СО ПРИЈАТЕЛ Во последното интервју Хејден Панетијер зборуваше за најтешката страна од мајчинството
Последната фотографија на Хејден Панетијер на Инстаграм сега има болно значење. Актерката пред смртта зборуваше и за најтешките моменти од мајчинството.
Последната објава на Хејден Панетијер на Инстаграм денес добива особено болно значење. Актерката на 27 јули споделила фотографија со актерот и фотограф Рандал Славин, на која насмеана позира покрај него.
– Добри моменти и добри пријатели @randallslavin – напишала таа покрај фотографијата. Само три недели подоцна, јавноста беше потресена од веста дека 36-годишната ѕвезда на „Heroes“ и „Nashville“ ненадејно починала.
View this post on Instagram
Само пет дена пред последната фотографија, Панетијер најавила уште еден важен проект – била избрана за првата насловна страница на списанието за мајки „Momé“. Токму во интервјуто за списанието зборувала за искуството со мајчинството, кое, како што rekla, воопшто не изгледало онака како што го замислувала. Нејзиното породување било проследено со сериозни компликации, а потоа се соочила и со постпородилна депресија.
Особено силна e нејзината порака до другите мајки.
– Можете да го сакате вашето дете со целото свое срце, а сепак да не бидете способни да го почувствувате тоа. Молчењето е опасност. Да побарате помош не е неуспех – рекла таа.
Во истата порака истакнува дека, и покрај сите нејзини битки, една работа никогаш не се променила – таа никогаш не престанала да ја избира својата ќерка Каја.
View this post on Instagram
Панетијер во мај ги објави своите мемоари „This Is Me: A Reckoning“, во кои отворено зборуваше за славата во детството, зависноста, постпородилната депресија и тешките периоди од животот. Во 2018 година го предаде целосното старателство над ќерката Каја на нејзиниот поранешен свршеник Владимир Кличко, додека се обидуваше да се избори со своите проблеми. Таа подоцна искрено зборуваше за болката со која ја носела таа одлука, но и за љубовта кон своето дете.
Причината за смртта на Хејден Панетијер засега не е соопштена и случајот се истражува.