СИНОТ ИМ ПОЧИНАЛ НА ЗАДНОТО СЕДИШТЕ, СФАТИЛЕ ДУРИ ПО 100 КИЛОМЕТРИ Трагедија во Италија, родителите мислеле дека младиот човек спие

Семејството патувало кон Торино кога 31-годишниот маж престанал да реагира. Родителите мислеле дека спие, а дури по запирањето на одморалиште сфатиле дека не дише.

357

Неверојатна трагедија се случила на италијанскиот автопат А21, каде родители патувале десетици километри без да сфатат дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште. Тие во текот на патувањето мислеле дека тој спие, објави италијанскиот весник „Corriere della Sera“.

Трагичниот настан се случил вчера околу 7:30 часот на делницата меѓу Торино и Пјаченца, во близина на излезите Кастеџо и Вогера. Семејството со романско потекло патувало кон Торино. Таткото бил зад воланот, мајката седела на совозачкото седиште, а нивниот син бил на задното седиште.






Младиот човек во текот на патувањето престанал да реагира, но родителите во прв момент помислиле дека се одмора. Откако подолго време не успеале да добијат одговор од него, се запреле на одморалиште и сфатиле дека бил во бессознание и дека не дише.

Веднаш повикале итна медицинска помош, но лекарската екипа по пристигнувањето можела само да ја констатира смртта. Според италијанските медиуми, 31-годишникот починал од срцев удар. Родителите им кажале на лекарите дека претходно имал полесни срцеви проблеми.

Последен пат разговарале со него околу 100 километри пред да го запрaт автомобилот. Според досегашните информации, смртта настапила ненадејно, без младиот човек да успее да побара помош.

Поврзани содржини