25 ПОЖАРИ ЗА 24 ЧАСА Огнот гори кај Студеничани, Македонски Брод, Велес и кај Јегуновце

Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 25 пожари на отворен простор. Четири се уште се активни, три се под контрола, а 18 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

57

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има кај с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани каде што гори мешана шума и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица во општина Македонски Брод каде што е запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.






Активен пожар има и во општините Велес и Зелениково, во атарот на селото  С’лп, кој се шири кон селата Карабуњиште Добрино и Тисовица, како и во општините Јегуновце и Сарај, кај селата Копанце и Туденце, кој со шири кон Бојане.

Под контрола се пожарите кај селата Алданци и Норово и кај Борино и Житоше во општина Крушево и на депонијата во Кратово.

Поврзани содржини