СО НОЖ ГО НАПАДНАЛЕ ДВАЈЦАТА СТРИКОВИЦИ, А ПОТОА И НЕГОВИОТ ТАТКО Полицијата расчистува семејна пресметка во гостиварско

27-годишник пријавил дека бил физички нападнат од своите стриковци поради нерасчистени имотно-правни односи, а според пријавата, нападот продолжил и во семејната куќа, каде бил нападнат и неговиот татко.

93

Двајца стриковци физички го нападнале 27-годишниот внук во дворот на семејната куќа во гостиварско, а потоа влегле во куќата и го нападнале и неговиот татко. Според пријавеното во полицијата, во нападот биле употребени и остри предмети.

Случајот бил пријавен на 13 август во 23:30 часот во Полициското одделение Чегране.






Дваесет и седумгодишниот жител на гостиварско пријавил дека околу 15:20 часот, во дворот од семејната куќа, поради нерасчистени имотно-правни односи, бил физички нападнат од неговите стриковци Ј.А. и Ф.А.

Според пријавата, двајцата употребиле и остри предмети за време на нападот, по што влегле во семејната куќа, каде физички го нападнале и таткото на 27-годишникот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини