МУ ЗЕЛЕ НАД 7.000 ЕВРА ЗА АВТОМОБИЛ, ПА ГО НАПАДНАЛ И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ Скопјанец пријавил измама, приведен 37-годишниот измамник

37-годишен скопјанец е лишен од слобода откако 62-годишен сограѓанин пријавил дека му дал над 7.000 евра за посредување при царинска документација за увоз на автомобил, по што, според пријавата, бил нападнат и закануван.

119

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава од 62-годишен скопјанец дека бил измамен за повеќе од 7.000 евра, а потоа и физички нападнат и упатувани му биле закани.

Според пријавеното во полицијата, О.С. во неколку наврати од оштетениот зел пари, наводно за посредување при обезбедување царинска документација за внесување патничко возило од странство.






Откако ги примил парите, според пријавата, тој почнал да го избегнува оштетениот. Кога 62-годишниот скопјанец сфатил дека бил измамен и ги побарал назад парите што ги дал, О.С. физички го нападнал, а во неколку наврати му упатувал и закани.

О.С. бил лишен од слобода на 13 август во 13:45 часот од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот, против 37-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини