📷 ОТВОРЕН ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Ќе го посетуваат лица од 14 години и нагоре

Корисниците ќе добиваат психолошка и стручна поддршка, ќе учествуваат во едукативни, креативни и рекреативни активности, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

39

За првпат, Скопје доби Центар за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и нагоре, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

„Денес, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, во просториите на МКЦ го отворивме Центарот за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и нагоре. Ова е место во кое ќе има сигурност, грижа, разбирање и човечка топлина. Место во кое секој човек ќе биде прифатен таков каков што е, со своите способности, желби, потреби и потенцијали“, објави Ѓорѓиевски.






Нашата обврска како општество не е само да зборуваме за еднаквост, туку да ја создадеме во реалниот живот, додаде тој.

„Во овој центар корисниците ќе добиваат психолошка и стручна поддршка, ќе учествуваат во едукативни, креативни и рекреативни активности, ќе развиваат практични и животни вештини, ќе се дружат, ќе комуницираат и чекор по чекор ќе ја градат својата самостојност и самодоверба“, потенцира градоначалникот.

Но, овој Центар е важен и за нивните семејства, додаде тој.

„За родителите и старателите кои секој ден носат огромна љубов, грижа и одговорност, сакаме да бидеме вистинска поддршка. Да знаат дека нивните најмили се во сигурни раце, во средина во која се почитувани, заштитени и поттикнати да напредуваат“, вели градоначалникот.

Овој центар ќе биде многу повеќе од место за дневен престој, дополни, ќе биде место за дружење, учење, развој, поддршка, пријателства и за нови победи.

Поврзани содржини