ЕДЕН ГО НАПАДНАЛ СО ТВРД ПРЕДМЕТ, А ДРУГИ ДВАЈЦА МУ ГО ИСКРШИЛЕ ВОЗИЛОТО Полицијата расчисти насилство врз 25-годишик

34-годишен жител на Буковиќ е во домашен притвор, додека полицијата презема мерки за пронаоѓање на другите двајца пријавени.

153

Полицијата расчисти случај на насилство што се случил во скопското село Копаница, по што е поднесена кривична пријава против три лица од селото Буковиќ.

Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., сите од село Буковиќ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.






Според пријавеното, на 12 август 2026 година во село Копаница, 34-годишниот С.Ј. со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р. од селото Арнакија.

Во исто време, другите двајца пријавени, според полициските наводи, со тврди предмети го оштетиле возилото на 25-годишникот.

По преземените мерки, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот С.Ј.

Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка домашен притвор.

Полицијата продолжува со преземање мерки за пронаоѓање и лишување од слобода на другите двајца пријавени.

Поврзани содржини