РЕАКЦИЈА ОД МПЦ ПО ИЗЈАВА НА ВУЧИЌ Македонската православна црква го потсети дека е легитимен носител на духовната мисија

333

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“, Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и како наследничка на Јустинија Прва и на обновената Охридска Архиепископија, МПЦ – ОА ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност.

„Длабоко свесна за својата историска улога и за одговорноста во духовниот живот на македонскиот народ, а водена од евангелските начела и богатото православно предание, таа останува Црква отворена за сите, обединувајќи ги своите верни во единството на верата и во евхаристиското заедништво, надминувајќи ги сите минливи политички, идеолошки и општествени поделби.






Евангелието Христово, верата во Воскресението и благосостојбата на доверените души се основната и единствена водилка во дејствувањето на МПЦ – ОА и ги отфрла сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат“, се наведува во реакцијата на МПЦ-ОА.

Поврзани содржини