ОД ГОВОРНИЦАТА НА БЕЛАТА КУЌА НАЗАД КОН СЕМЕЈСТВОТО Каролин Ливит ја напушта функцијата за да им се посвети на децата

Шефот на САД на својата социјална мрежа „Трут сошл“ изјави дека Ливит одлучила да ја напушти позицијата прес-секретар на Белата куќа за да поминува повеќе време со своите деца и семејство и дека целосно ја почитува и разбира одлуката.

113

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ќе ја напушти позицијата на крајот на август, додавајќи дека таа ќе остане „влијателен глас“ во Републиканската партија пред среднорочните избори во САД во ноември.

Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“ изјави дека Ливит одлучила да ја напушти позицијата прес-секретар на Белата куќа за да „поминува повеќе време со своите деца и семејство“ и дека „целосно ја почитува и разбира“ одлуката.






– Керолин е вистински лидер во Белата куќа и направи феноменална работа борејќи се за правда и слобода од 2018 година, вклучително и нашата историска кампања за реизбор во 2024 година. Каролин е еден од најдобрите портпароли на Белата куќа во историјата – рече Трамп, објави „Танјуг“.

Поврзани содржини