🎥 БРУКЛИН БЕКАМ ГОТВЕШЕ ТЕСТЕНИНИ СО МОРСКА ВОДА Необичниот потег на младиот готвач со славно презиме ги згрози гледачите
Синот на Дејвид и Викторија Бекам покажа како подготвува тестенини со доматен сос, но најмногу внимание привлече водата во која ја вареше пастата. Секако, неговите следбеници продолжуваат да му се потсмеваат и поради изборот на наједноставните можни рецепти
Бруклин Бекам во едно од своите понови видеа покажа како подготвува тестенини со доматен сос, но еден необичен детаљ од рецептот предизвика лавина реакции. Пред да започне со готвењето, Бруклин се упати кон морето со големо тенџере во рацете.
– Секако дека ни треба малку вода за тестенините – вели Бекам додека го полни тенџере со морска вода. Потоа продолжува со подготовката на јадењето, без да обрнува внимание на необичниот избор на состојката.
Тој ги исече доматите, во тавата додаде масло и ги зачини состојките, а посебно место во рецептот имаше и лутиот сос од неговиот бренд. Кога тестенините беа сварени, Бруклин ги измеша со подготвениот сос. Потоа заедно со уште еден готвач го пробаа јадењето и, судејќи според нивната реакција, беа задоволни од крајниот резултат.
Сепак, следбениците на социјалните мрежи не се воодушевени од неговиот кулинарски експеримент. Најмногу внимание предизвика токму одлуката тестенините да ги свари со вода земена директно од морето. Дел од корисниците се запрашаа дали таквиот начин на подготовка воопшто е безбеден, додека други се пошегуваа дека Бруклин можеби намерно прави необични работи за да предизвика реакции.
Има и такви кои на шега му порачаа дека со таквиот рецепт ќе си обезбеди цел ден поминат во тоалет.
– Како Италијанец, прилично сум сигурен дека морската вода е најдобриот начин да си обезбедите цел ден во тоалет – напиша еден корисник, додека друг саркастично додава: На неговите таленти им нема крај.
Имено, и овојпат, како и претходно, луѓето се шегуваат и на сметка на неговиот избор на наједноставните можни рецепти.
@brooklynbeckham Tomato pasta ❤️❤️ @Cloud23