РЕЦИПРОЦИТЕТ • И ШПАНИЈА ВОВЕДЕ ГРАНИЧНИ КОНТРОЛИ ЗА ПАТНИЦИ ОД ИТАЛИЈА Мадрид одговори на мерките на Рим по инвазијата на мигранти во Сеута

До 7 септември Шпанија ќе врши проверки на пасошите, државјанствата и на визите за италијански патници и посетители од други земји кои доаѓаат со авиони и со бродови во Италија поради спорот околу нелегалната миграција.

60

Шпанската влада од денеска напладне до 7 септември ќе воведе гранични контроли за летовите и за бродовите од Италија поради поради спорот околу нелегалната миграција.

Во посочениот период ќе се прават проверки на пасошите, државјанствата и на визите за италијански патници и посетители од други земји кои доаѓаат од Италија, „поради незапирливиот притисок на нелегална миграција“ од оваа земја.






Шпанија објави дека мерките ќе се применуваат сè додека Италија ги применува своите мерки кои се потикнати од масовниот прилив на 72.000 лица во шпанската африканска енклава Сеута на 30 јули.

Претходно вчера Италија објави дека нема да се покори на „ултиматумот или притисоците“ и дека Шпанија ќе ги задржи граничните контроли за влез во земјата најмалку до 15 август.

Шпанија претходно вчера објави воведување реципрочни мерки за патниците од Италија, доколку Рим до недела не ги укине граничните контроли воведени минатата недела, по масовниот прилив на мигранти од Мароко во Сеута.

Италијанската влада соопшти дека ќе ја разгледа својата одлука само кога ќе биде сигурна дека нема безбедносни или терористички ризици, нема присутни нови мигранти и нема нелегални мигранти кои се движат кон европска територија.

Поврзани содржини