МЕТЕЖ НА ТАБАНОВЦЕ, ЗА ВЛЕЗ СЕ ЧЕКА 45 МИНУТИ Зголемен сообраќај на македонските патиша

Зголемен е и интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини, а АМСМ апелира на внимателно возење поради можни одрони на неколку патни делници.

97

Во текот на денот е регистрирана зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце, каде што за влез во Македонија се чека околу 45 минути, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според информациите на АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.






Зголемен е и интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, но сообраќајот на државните патишта засега се одвива непречено по суви коловози.

Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.

Посебна претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини