СЕ ШИРИ ВИРУСОТ ЗАПАДЕН НИЛ ВО ГРЦИЈА, НОВИ 23 СЛУЧАИ Досега починаа 6 луѓе

Од заразените, 54 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем - енцефалитис, менингитис и акутна парализа, додека кај 11 случаи симптомите се благи или немало зафатеност на централниот нервен систем, соопштија здравствените власти во Грција.

54

Во изминатата седмица во Грција се потврдени 23 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 65, а од почетокот на оваа вирусна сезона починаа вкупно 6 луѓе, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).

Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 54 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна парализа), додека кај 11 случаи симптомите биле благи или немало зафатеност на централниот нервен систем.






Бројот на починати пациенти со инфекција со вирусот на Западен Нил се зголеми на 6 лица, сите на возраст од над 65 години.

Од заразените, 20 се хоспитализирани, а 38 се отпуштени од болница.

Повеќето од случаите, вкупно 48, се регистрираните во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а останатите 13 во регионот Тесалија и во северна Грција. Четири случаи се во фаза на епидемиолошко истражување.

Првиот случај на инфекција за оваа сезона во Грција беше регистриран на почетокот на јули.

Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, е присутен во Грција во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес. Најголем број случаи имаше во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок беше и бројот на починати лица – вкупно 51.

Лани во Грција беа регистрирани 96 случаи, а од Западен Нил починаа 9 лица.

Поврзани содржини