📷🎥 ПО КОСОВО, КЕЈТИ ПЕРИ И ЏАСТИН ТРУДО СЕ ПОВТОРНО ВО РЕГИОНОТ Пејачката и поранешниот канадски премиер се прошетаа низ Котор

Откако на фестивалот Sunny Hill во Приштина ја воодушеви публиката, а особено нејзината мала обожавателка со која заедно отпеа еден од нејзините хитови, Кејти Пери беше забележана со Џастин Трудо и во убавиот Котор

186

Неодамна Кејти Пери настапи во Косово како една од главните ѕвезди на фестивалот Sunny Hill, кој го организираат Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин Липа. Пејачката по настапот не го криеше воодушевувањето, објавувајќи фотографии и видеа со порака дека нејзиниот прв концерт во Косово бил „магичен“, а посебно им се заблагодари на Дуа Липа и организаторите за поканата.

Еден од најемотивните моменти на вечерта се случи кога Кејти забележа девојче од публиката кое го славело својот роденден. Таа слезе меѓу фановите, разговараше со девојчето и го праша дали сака заедно да ја отпеат песната „Roar“.






Фото: Принтскрин

Потоа двете заедно запеаја дел од хитот, а оваа сцена се најде и во видеото што Пери го објави на Инстаграм како еден од најубавите спомени од косовската вечер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Очигледно на пејачката и нејзиниот партнер, поранешниот канадски премиер Џастин Трудо,  им се допадна регионот, па заминаа и во Црна Гора. Двајцата беа снимени како се шетаат низ стариот дел на Котор, облечени сосема лежерно и без големо обезбедување. На видеата што се појавија на социјалните мрежи се гледа како разгледуваат низ тесните камени улички и уживаат во атмосферата на еден од најпосетуваните градови на Јадранот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berane online (@beraneonline)

Котор, кој е под заштита на УНЕСКО, е познат по своите средновековни ѕидини, живописни плоштади и спектакуларниот Бококоторски Залив. Во летниот период градот е омилена дестинација на бројни светски ѕвезди, па присуството на Кејти Пери и Џастин Трудо веднаш го привлече вниманието и на локалните жители и на туристите.

Кеjти Пери и Џастин Трудо претходно беа видени во Сен Тропе, Франција, а нивната врска со месеци го привлекува вниманието на светските медиуми.

 

Поврзани содржини