🎥 ГО ПОДАДЕ ПАСОШОТ НА ГРЧКА ГРАНИЦА СО НОГА И СО НАСМЕВКА Познатата „Девојка со крилја“ стана хит на социјалните мрежи

Со насмевка, самодоверба и доза хумор, познатата „Девојка со крилја“ повторно покажа дека за неа нема пречки, а видеото од граничниот премин стана вистински хит на социјалните мрежи.

192

Дејана Бачко, позната како „Девојка со крилја“, уште еднаш инспирираше илјадници луѓе со својата позитивност и начинот на кој се справува со секојдневните предизвици.

Видеото објавено на Инстаграм ги насмеа и воодушеви нејзините следбеници. На снимката се гледа како Дејана Бачко на граничен премин кон Грција му го подава пасошот на службеникот користејќи ја ногата, а сето тоа го прави со широка насмевка и целосна природност. Наместо да се фокусира на ограничувањата, таа уште еднаш покажа дека секоја ситуација може да се реши со снаодливост и позитивен дух.






И не е само тоа. Имено, на снимката се гледа дека Дејана всушност го вози автомобилот, а тоа го прави навистина спретно.

Дејана е родена без раце, но тоа никогаш не ја спречило да живее исполнет живот. Таа е уметница, спортистка и повеќекратна шампионка во паратаеквондо, а со години е препознатлива по прекарот „Девојка со крилја“, кој самата си го избрала.

На социјалните мрежи ја следат стотици илјади луѓе, каде редовно објавува моменти од секојдневието, патувањата, спортските активности и семејниот живот. Денес нејзиниот профил е препознатлив и по содржините поврзани со мајчинството, поради што често се претставува и како „Мама со крилја“.

Посебно внимание привлече и нејзината животна приказна. Со партнерот Марко Нежиќ ја добија ќерката Лара, а Дејана во повеќе наврати покажуваше како самостојно се грижи за детето користејќи ги нозете за сите секојдневни активности. Нејзините објави често се доживуваат како инспирација за луѓето кои се соочуваат со различни предизвици.

Во меѓувреме, таа продолжува да патува, да слика, да спортува и да создава содржини кои собираат милиони прегледи.

Меѓу нив, во март годинава Дејана и нејзиниот сопруг Марко Нежиќ споделија една од најтешките вести во нивниот живот. Во четвртиот месец од втората бременост на Дејана, откако лекарите откриле дека бебето имало сериозна срцева мана и неразвиени горни екстремитети, тие го изгубиле бебето.

– Јас добро знам низ што поминував во текот на мојот живот и никому на светот не би му го посакала истиот пат – напиша тогаш Дејана, која доби огромна поддршка од следбениците. И покрај болната загуба, таа и Марко продолжија јавно да зборуваат за важноста на медицинските прегледи и за силата да се продолжи понатаму по тешките животни удари.

Видеото од грчката граница е уште еден потсетник зошто толку многу луѓе ја следат – не поради сензационализам, туку поради нејзината способност секојдневните ситуации да ги претвори во порака дека животот не треба да се мери според пречките, туку според начинот на кој ги надминуваме.

Поврзани содржини