🎥 СТАНУВААТ ЛИ ШУМИТЕ ДУХОВИ ОД МИНАТОТО? Пожарите во Грција зад себе оставаат апокалиптични сцени
Шумите во Грција многу наскоро ќе станат духови од минатото, ако Грците конечно не се разбудат и не поведат вистинска борба за нивната заштита, зачувување и обнова. Ова е клучната порака од видео-снимката, на кое се гледа опожарена шума, најверојатно во Псата или во друга област во Грција.
View this post on Instagram
„Во меѓувреме, нè убиваат со мали дози, многу бавно, многу тивко, многу мудро.
Секој ден се враќаме дома за да закопаме по еден мртовец: една мисла, едно чувство.
Наскоро нема да ни остане ништо друго освен да гледаме како да ја најдеме својата храна,
како кучињата и мачките, со таа разлика – уште полошо – што со себе ќе ги носиме остатоците од луѓето кои некогаш бевме.“
Овој цитат, за кој се верува дека се стихови од Нобеловецот Јоргос Сеферис, е апел упатен до Грците и до сите луѓе на овој свет повеќе да се грижат за заштита на шумите и на спречување на пожарите.
Грција ова лето се соочи со една од најтешките сезони на шумски пожари во последните години. Огнената стихија уништи илјадници хектари борова шума, земјоделски површини и десетици домови, а во гаснењето загинаа најмалку петмина припадници на противпожарните служби, меѓу нив и двајца членови на екипажот на хеликоптер што се судри за време на интервенција кај Псата.