📽️ ГОЛЕМ АРА ПАПАГАЛ ГО ПРЕКИНА МЕЧОТ Фудбалер се фрли на тревникот за да избегне напад

Необичниот инцидент се случи на натпреварот од Купот на Бразил за фудбалери до 15 години, кога голема ара се нафрли кон играч на Фламенго и накратко ја прекина играта.

170

Несекојдневен инцидент го одбележа натпреварот меѓу младинските екипи на Фламенго и Сеара во Купот на Бразил до 15 години, откако голем папагал накратко го прекина мечот напаѓајќи еден од фудбалерите.

Бизарната сцена се случи во 17 минута од натпреварот на стадионот „Гранжа Комари“ во Терезополис. Додека Фламенго организираше напад, голема ара – вид тропски папагал – почнала да кружи над теренот, а потоа ненадејно се нафрлила кон дефанзивецот Валмир.






Младиот фудбалер, кој настапуваше со бројот 4, во последен момент се фрлил на тревникот за да го избегне нападот на птицата, по што судијата веднаш ја прекинал играта додека папагалот не се оддалечил од теренот.

Видеото од необичниот инцидент за кратко време стана вирално на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари и шеги меѓу љубителите на фудбалот.

По продолжувањето на натпреварот, Сеара ја совлада екипата на Фламенго со 2:1. За победничкиот тим погодија Андре и Жозе Каик, додека единствениот гол за Фламенго го постигна Давид Соуза.

Поврзани содржини