🎥 КИМ КАРДАШИЈАН УЖИВА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ ЕЗЕРО Ѕвездата сподели нови летни фотографии со внуката Пенелопе и децата

Ријалити ѕвездата објави нови фотографии од одморот покрај езеро, а најголемо внимание привлече 14-годишната ќерка на Кортни Кардашијан и Скот Дисик, Пенелопе.

93

Ким Кардашијан продолжува да ги споделува најубавите моменти од своето лето, а најновите фотографии на Инстаграм откриваат дека деновите ги минува во природа, опкружена со најблиските. Во серијата снимки, 45-годишната ѕвезда позира на даска за веслање среде езеро, додека ужива во мирниот пејзаж и сончевото време.

Посебно внимание привлече нејзината внука Пенелопе Дисик, 14-годишната ќерка на Кортни Кардашијан и Скот Дисик. Пенелопе се појавува на неколку фотографии покрај тетка си, а обожавателите коментираат колку пораснала и колку личи на својата мајка.






На фотографиите може да се види и ќерката на Ким, Чикаго, како и фотографии од семејното дружење покрај езерото. Кардашијан објавата ја наслови со зборот „Lakemaxxing“, термин што последниве месеци стана популарен на социјалните мрежи и се користи за уживање во летото покрај езера и во природа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Ова не е првпат Ким да објавува фотографии од истата дестинација. Во текот на јули таа сподели повеќе моменти од одморот со своите деца Норт, Сент, Чикаго и Псалм, како и со сестрата Клои Кардашијан и нивните внуци. На програмата биле возење чамци, спортови на вода и дружења далеку од градската врева.

Во дел од претходните фотографии од одморот се појави и возачот на Формула 1 Луис Хамилтон, со кого Ким во последните месеци сè почесто се појавува во јавноста. Извори блиски до двојката тврдат дека тој веќе поминува време и со нејзините деца, а нивната врска станува сè посериозна.

Иако е навикната на гламурозни настани и црвени теписи, летово Ким очигледно избра поинаков ритам, со опуштени семејни моменти, природа и дружење со најблиските.

Поврзани содржини