МАЈКА И ДВЕ МАЛИ ДЕЦА ЗАГИНАА ВО ПОЖАР КАЈ СКАДАР Во уништената куќа пронајдени експлодирана плинска боца и канистер со бензин

Жртвите деновите пристигнале од Германија, каде што живееле и се сместиле во нивниот поранешен дом во планински предел. Сопругот во моментот не бил дома.

321

Голема трагедија попладнево ги потресе селото Домен, кај Скадар, во северниот дел на Албанија – во пожар во куќа животот го загубија мајка и две мали деца.

Според првичните информации од увидот, пожарот избувнал во кујната каде жената готвела и се проширил со голема брзина, поради што жртвите не успеале да излезат од куќата.






„Како последица на пожарот животот го загубија 24-годишна жена и нејзините две малолетни деца, на возраст од една и пол и 3 години. Истрага треба да ги разјасни причините за трагедијата“, соопшти полицијата.

На местото на трагедијата се пронајдени експлодирана плинска боца и канистер со бензин.

Поради непристапниот терен, интервенцијата на противпожарната служба била многу тешка. Куќата се наоѓала во планински предел, на околу 30 минути пешачење од автопатот. Кога стигнале пожарникарите, објектот бил целосно уништен.

Медиумите во Албанија пренесуваат дека жртвите деновите пристигнале од Германија, каде што живееле и се сместиле во нивниот поранешен дом. Сопругот во моментот не бил дома.

Поврзани содржини