📷 ОРЛАНДО БЛУМ УЛОВЕН СО 21 ГОДИНА ПОМЛАДATA МАНЕКЕНКА По раскинувањето со Кејти Пери, актерот ужива во прегратките на швајцарската убавица
Актерот и 28-годишната швајцарска манекенка Луиза Лемел уживале на ексклузивната плажата Алпемаре во италијанскиот град Форте деј Марми, чиј сопственик е славниот оперски пејач Андреа Бочели.
Холивудскиот актер деновиве повторно го привлече вниманието на јавноста откако беше фотографиран на одмор во Италија со 28-годишната швајцарска манекенка Луиза Лемел.
Блум и Луиза уживале на ексклузивната плажата Алпемаре во италијанскиот град Форте деј Марми, чиј сопственик е славниот оперски пејач Андреа Бочели.
Папараците ги снимиле во усогласени црни костими за капење додека се капеле, се прегрнувале и безгрижно уживале во морето. Во еден момент манекенката се држела за актерот, а нивната блискост дополнително ги поттикна гласините за романтична врска.
Сепак, ова не е првпат да бидат видени заедно.
Орландо Блум и Луиза Лемел првпат привлекоа внимание во февруари годинава, кога беа фотографирани како рака под рака го напуштаат Супербоул на стадионот „Ливајс“ во Санта Клара, Калифорнија.
Тие пристигнаа заедно на натпреварот и вечерта ја минаа во ВИП ложа, каде што, според извори, се однесувале многу блиско.
Orlando Bloom, 49, and Swiss model Luisa Laemmel, 28, were spotted walking arm-in-arm as they left the big game at Levi’s Stadium in Santa Clara, Calif., on Sunday night. 👀 📸: BACKGRID pic.twitter.com/DFp2RaoBWb
— Page Six (@PageSix) February 10, 2026
Нивните заеднички појавувања продолжија и по Супербоулот. Во март уживаа на луксузно патување во Швајцарија, каде што престојуваа во Цирих и се одмараа во познато одморалиште покрај езерото Луцерн.
Наводно, Блум тогаш запознал и дел од пријателите и членовите на семејството на Луиза, што дополнително ги засили шпекулациите дека нивната врска станува сè посериозна.
Судејќи според најновите фотографии од Италија, 49-годишниот актер и 21 година помладата манекенка повеќе не се трудат премногу да ја кријат својата блискост, иако официјална потврда за врската сè уште нема.
Да потсетиме, Орландо Блум и Кејти Пери беа заедно речиси десет години, а во 2020 година ја добија ќерката Дејзи Дав.
Нивната разделба беше потврдена минатото лето, но поранешните партнери останаа во добри односи и продолжуваат заеднички да се грижат за својата ќерка.