ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО Проектот е во фаза на на тендер за подготовка на физибилити студија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево најави одблокирање на сметката на општината до крајот на овој општински мандат.

347

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево најави изградба на експресен пат  Кочани-Виница-Делчево.

Проектот како што рече е во фаза на изготвување на физибилити студија.






-Конечно се распиша тендер за проектно решение би рекол, физибилити студија Кочани-Виница-Делчево, така што генерално очекувам  состојбите и понатаму да продолжат во периодот којшто следи да се развиваат. Јас можам само да кажам дека како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме општините – рече Мицкоски говеорејќи за проектите кои се реализираат во оваа општина.

Тој додаде дека во оваа општина се реализираат 16 проекти и покрај тоа што општината има блокирана сметка.

– Се разбира кога многу работи во минатото стоеле со децении, не можат преку ноќ да се променат, но добро е кога се оди приоритет по приоритет еве слушнавте и вие 16 проекти во моментов општината ги реализира преку онаа реалокација на финансиски средства од Владата кон општината, останатите од сопствени сили, од сопствен буџет ќе се реализираат – рече Мицкоски.

Тој како што рече очекува во текот на овој општински мандат да се одблокира сметката за да може општината нормално да функционира.

Мицкоски е задоволен, како што рече, од тоа што и во Делчево се гради како што се гради на повеќе од 1.200 локации во земјата.

Поврзани содржини