РУСИЈА НАПАДНА ДВА УКРАИНСКИ ТОВАРНИ БРОДА ВО ЦРНО МОРЕ Едниот превезувал воена опрема

Како што соопшти руското Министерство за одбрана, еден од нападнатите товарни бродови превезувал воена опрема во Црно Море, додека другиот брод бил погоден во пристаништето Николаев.

0

Руската армија со беспилотни летала нападна два украински товарни брода во Црно Море. Како што соопшти руското Министерство за одбрана, еден од нападнатите товарни бродови превезувал воена опрема во Црно Море, додека другиот брод бил погоден во пристаништето Николаев.

Руските вооружени сили утрово продолжија да напаѓаат украински пристаништа и бродови. Товарен брод што превезувал воена опрема беше погоден во северозападниот дел на Црно Море. Помошен брод беше нападнат во пристаништето Николаев, се наведува во соопштението на руското МО.






Поврзани содржини