📽️ ЅВЕРОТ ТЕЖОК 770 КИЛОГРАМИ СЕ ПОЈАВИ ВО АТЛАНТИКОТ Бела ајкула патувала 11.000 километри од Масачусестс кон Канада
По неколку месеци без сигнал, истражувачите повторно регистрираа трага од ајкулата „Контендер“, која досега има минато повеќе од 11.000 километри долж источниот брег на Северна Америка.
Најголемата голема бела ајкула некогаш регистрирана во Атлантскиот Океан повторно ги заинтригира научниците. По неколкумесечно отсуство од системите за следење, „Контендер“ повторно испратила сигнал од својот сателитски уред.
Станува збор за импресивен примерок долг повеќе од четири метри и тежок околу 770 килограми, поради што истражувачите ја сметаат за една од најголемите бели ајкули следени во Атлантикот.
Мистериозно исчезнала од радарите
Последниот сигнал од „Контендер“ бил регистриран во април во близина на заливот Памлико Саунд, во американската сојузна држава Северна Каролина.
Потоа ајкулата исчезнала од системите за следење, најверојатно затоа што нурнала на големи длабочини, каде сателитскиот предавател не можел да комуницира со орбитирачките сателити.
Истражувачкиот тим на организацијата OCEARCH минатата недела соопштил дека тракерот повторно испратил сигнал.
ONE YEAR. ONE GIANT. 🦈
CONTENDER, the largest male white #shark ever tagged by #OCEARCH in the W. N. Atlantic, was tagged 1 year ago!
His pings have provided critical insight into the movement & behavior of mature male white sharks.#FactsOverFear #SharkTracker pic.twitter.com/jvDIjMXASo
— OCEARCH (@OCEARCH) January 17, 2026
Научниците сè уште не знаат каде е
Сепак, станува збор за таканаречен „Z-пинг“, слаб сигнал кој не овозможува прецизно утврдување на локацијата.
Тоа значи дека перката на ајкулата накратко се појавила над површината на морето, но не доволно долго за уредот да испрати целосни податоци.
Поради тоа, истражувачите засега не можат со сигурност да кажат каде се наоѓа „Контендер“.
Патник од повеќе од 11.000 километри
Врз основа на претходните миграции на големите бели ајкули, експертите претпоставуваат дека таа би можела да се движи кон Кејп Код во Масачусетс или кон атлантските брегови на Канада.
Според OCEARCH, големите бели ајкули во западниот дел на Северниот Атлантик во летниот период редовно мигрираат кон север во потрага по храна.
Таму ги привлекуваат пониските температури и големите колонии фоки, кои претставуваат една од нивните главни цели.
Една од најследените ајкули во светот
„Контендер“ била означена со сателитски уред во јануари 2025 година, недалеку од бреговите на Џорџија и Флорида.
Оттогаш има поминато повеќе од 11.300 километри долж источниот брег на Северна Америка, што ја прави една од најследените големи бели ајкули на планетата.