НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА СЕ СИЛУВАНИ, ПОЛИЦИЈАТА ИМ КАЖАЛА Жител на Берлин осомничен дека дрогирал, злоупотребил и снимал најмалку 58 жени

Обвинителството тврди дека осомничениот ги дрогирал жените со апчиња за спиење и алкохол, а потоа ги силувал и ги снимал. Истражителите проверуваат дали бројот на жртвите е уште поголем.

274

Шеесет и осумгодишен маж од Берлин е осомничен дека дрогирал, силувал и снимал десетици жени, во случај што ја шокира германската јавност. Истражителите стравуваат дека бројот на неговите жртви достигнува најмалку 58, а обвинителството бара да му биде изречена максимална затворска казна, по која би следувал и превентивен притвор.

Според обвинението, 68-годишниот електричар од Берлин злоупотребил и силувал најмалку 14 жени додека биле во бессознание. Се сомнева дека претходно ги онесвестувал со комбинација од апчиња за спиење и алкохол, по што ги силувал и ги снимал злосторствата.






Иако истражителите веруваат дека бројот на жртвите е најмалку 58, досега по име се идентификувани 30 жени, а во 14 случаи е поднесено официјално обвинение.

Во рамки на истрагата, полицијата извршила претрес во станот на осомничениот во берлинската населба Фридрихсфелде, каде што биле запленети повеќе уреди за складирање податоци.

ИТ-вештак во февруари 2026 година на нив пронашол вознемирувачки видеоснимки од сексуални злосторства. По ова откритие, осомничениот бил уапсен на 3 март 2026 година и оттогаш се наоѓа во притвор, пренесуваат германските медиуми, повикувајќи се на извори од обвинителството.

Според обвинителството, осомничениот внимателно ги избирал своите жртви и ги запознавал преку онлајн апликации за запознавање.

Она што дополнително го прави случајот потресен е фактот што жените воопшто не знаеле дека биле сексуално нападнати. За тоа дознале дури кога полицијата ги контактирала во текот на истрагата.

– Обвиненијата опфаќаат силување во особено тешки случаи и нанесување тешки телесни повреди – изјави портпарол на обвинителството.

Поврзани содржини